More

    (ВИДЕО) Археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, по што започнува реконструкцијата

    Започнаа археолошките истражувања на плоштадот „Крушевска република“.  Веќе два дена археолозите го истражуваат просторот кај Чинарот, кој ќе се реконструира и според најавите на Локалната самоуправа ќе добие нов и модерен изглед.

    Градоначалникот Кирил Пецаков и во кампањата најавуваше дека плоштадот мора да се реконструира.

    „На плоштадот му е потребно дополнително уредување, треба да се постават канделабри и осветлување со лед светилки. Потребно е да се изгради фонтана, да бидат поставени садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот,  често вели Пецаков.

    И граѓаните се едногласни, дека плоштадот мора да се реконструира. Тие велат дека нема турист кој не застанал да се фотографира со Чинарот. Според  граѓаните Охрид мора да го уреди овој потег, каде минуваат туристите.

     

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img