Стаменковска Трајковска: Владејачкото мнозинство го скрши Деловникот, Уставот, се што фати скрши, ја скрши и Македонија

0
510

„По кој дневен ред работиме? Бидејќи ние пред два дена добивме два дневни реда каде првата точка е иста, а следните точки се променети. Што е работава колеги? Заклучете сами. Бидејќи таков хаос правите во работењето во Собранието што држави општопознати по тероризам, криминал ни завидуваат за тоа како ние овде живееме и работиме. И денес бидејќи и на двата дневни реда кога ги добивме имаме иста идентична прва точка бидејќи вие не сакавте да ја напуштите првата точка ни под разно, предлог на одлука за разрешување член на Комисијата за прашања, изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Ја добивме информацијата непосредно пред почетокот на седницата и замислете до толку сте лицемерни и навредливи спрема опозицијата што ви нема рамен. Комисијата за избори и именувања е избрана на 21.08.2020 година, колегата кој ја напушта истата пратил допис дека се откажува од местото потпретседател за кој вие се секиравте на 09.12.2021, дека дејствуваат како опозиција 13.12.2021 година. И од 13.12.2021 година до 01.03.2022 спиевте, ништо не преземавте да се договорите и да ја свикате Комисијата како што ги свикувате сите комисии на кој нема претседател“, истакна Бети Стаменковска Трајковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната собраниска седница.

Стаменковска Трајковска додаде дека владејачкото мнозинство исто така спие и не реагира да се превенира околу кризите со кои што се соочува државата.

„Нели впрочем имаме економска, здравствена, енергетска, образовна, идентитетска, секакви можни кризи имаме, ама сепак на крајот на денот фактите колеги не се на ваша страна. Знаете како настапувате? Разликата во гледаност на телевизиите се приметува според чекорите кои што ги преземате. Настап на една телевизија која има според вас поголем процент на гледаност и јас бидејќи овде не смееме според кодекс на однесување на пуштаме снимки, па еве си го извадив материјалот па ќе го цитирам истиот. Новинарката прашува – „Дали тоа значи дека нема условно кажано на сила да го разрешувате Фадил Зендели на пленарка“. И тоа го прашува претседателот на Собранието на Република Македонија. А, тој со веќе нервозен тон враќа – „Абе дали разбирате на пленарка треба да дојде од Комисија. Која сила некој замислува и измислува сила на сила на пленарна седница, како на пленарна седница ќе оди материјал кој не дошол од соодветна комисија. Дали ме разбравте што ви зборам“. Сега јас колеги ве прашувам дали ме разбравте што ви зборам“, запраша Стаменковска Трајковска.

Стаменковска Трајковска посочи дека владејачкото мнозинство го крши Уставот, Деловникот. Се што ќе фати владејачкото мнозинство крши, ја искршија и Македонија.