Бебиња во Аранѓеловац заразени со опасна бактерии од вентилација, се борат за живот

Во породилното одделение во Општата болница во Аранѓеловац три бебиња биле заразени од бактеријата легионела. Новороденчињата итно се пренесени на лекување во Неонатолошкиот центар на Клиничкиот центар Крагуевац, каде лекарите се борат за нивниот живот. Како што пишуваат српските медиуми опасната бактерија била изолирана во вентилационите цевки на болницата Аранѓеловац, а инспекцијата на Министерството за здравство се уште е во оваа здравствена установа.

Месното население е во паника, а трудниците кои чекаат породување бараат начин како да се преселат во други болници.

Не спиев цела ноќ од болки. Ќерка ми е во таа болница и треба да се породи за седум дена со царски рез. Ја видов објавата дека бебињата се префрлени во Крагуевац поради инфекција со бактеријата легионела. Не верував дека може да се случи такво нешто, но се распрашав и се обидов да ја смирам ќерка ми. За жал, една од медицинските сестри која ни е пријателка потврди дека бебињата се префрлени во друга болница, дека вчера имало увид, но дека се уште го истражуваат случајот. Ќерката чека породување, а стравува за животот на своето дете. Ќе ја однесеме во Крагуевац или ќе платиме 3.000 евра ако треба приватно да се породи. Мора да го спасиме и нејзиниот и животот на бебето, а тоа нема цена“, изјави за Нова.рс С.Симиќ од Аранѓеловац, за nova.rs.

Бактеријата Legionella (Legionella pneumophila) предизвикува компликации кога ќе влезе во белите дробови преку ситни капки. Клеточниот имунитет игра одлучувачка улога во одбраната од инфекција, но доколку организмот не се одбрани, како последица може да се појави атипична пневмонија наречена Легионерска болест или Понтијанска треска. Инкубацијата трае од два до 10 дена. Пневмонијата е главната клиничка карактеристика на легионерската болест. Кога се јавува во тешка клиничка форма, покрај белите дробови, може да бидат засегнати и црниот дроб, бубрезите, дигестивниот тракт и централниот нервен систем. За разлика од легионерската болест, понтијак треската е акутна респираторна болест без воспаление. Симптомите вклучуваат треска, болки во мускулите, главоболка, понекогаш кашлица, болка во градите, болки во грлото и дијареа. Иако болеста на легионела се јавува во текот на целата година, таа е многу почеста во лето поради поголемата изложеност на луѓето на бактериски извори како што се влажен воздух, клима уреди и базени.