Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) ја усвои Нацрт-резолуцијата за формирање меѓународна независна истражна комисија која ќе ги истражи сите прекршувања на човековите права и воените злосторства извршени од Русија во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласањето се одржа по говорите за Украина на итната седница на Советот за човекови права на ОН која трае два дена.
Нацрт-резолуцијата, во која меѓу повеќето презентери се наоѓаше и Турција, беше прифатена од 47-члениот Совет со 32 гласа „за“ и 2 гласа „против“. Тринаесет земји беа воздржани на гласањето.
Кина и некои африкански земји се воздржаа од гласањето, додека Еритреја и Русија гласаа против.
Во Нацрт-резолуцијата се осудуваат сите прекршувања на човековите права и меѓународното право, за кои се тврди дека се извршени за време на руските напади на Украина. Исто така, се предвидува и формирање меѓународна истражна комисија.
– Во Резолуцијата се бара Русија веднаш да стави крај на кршењето на човековите права –
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).