More

    СДСМ е нервозен поради тоа што драматично губи на анкетата на американскиот институт ИРИ, губат затоа што институциите ги претворија во партиски дувла и не испорачаа резултати, велат од ВМРО ДПМНЕ

    Ја разбираме нервозата на СДСМ која е поттикната поради драматичниот пад на рејтингот што се потврдува од во анкетата на американскиот институт ИРИ, а тоа е порака дека народот го прочита СДСМ. Во истата таа анкета само 18% сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме истото во целост:
    Токму затоа денес СДСМ наместо да понуди одговор на прашањето како се случило Јавното Претпријатие Градски Паркинг наместо место за услуги на граѓаните да стане место каде братучеди, роднини и пријатели на функционери од власта се на големо вработувани во оваа институција, се занимава со измислени и вештачки теми.
    Вистинскиот одговор на кој СДСМ и Демократски сојуз треба да дадат одговор е како се случило една институција која треба да биде на граѓаните да остане заробена и киднапирана во рацете на партиите на власт?
    СДСМ да објасни по кој критериум вработувале роднини и пријатели на функционери на власта, а дома остануваат чесни луѓе кои со труд го стекнувале своето знаење.
    Малку ли беше што функционери на власта користеле картички за паркирање, а сега и си вработувале по чудни критериуми свои роднини и пријатели?
    И кога СДСМ ќе си го поставува прашањето зошто губат на избори и анкети, одговорот е зошто крадат, институциите ги претворија во партиски дувла и не испорачаа резултати.
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img