Откако „Мекдоналдс“ најави затворање на своите ресторани во Русија, пред нивните локали голем метеж. Русите стрпливо чекаат за последен пат да ја консумираат омилената храна во овие ресторани. На социјалните мрежи се споделуваат снимки од колони автомобили пред „Мекдоналдс“, како и фотографии од редици луѓе.
⚡️McDonald's is temporarily closing all 850 restaurants in #Russia, Bloomberg reports.
However, the company will continue to pay salaries to its 62,000 employees from Russia. pic.twitter.com/G8gnH2UXkv
— NEXTA (@nexta_tv) March 8, 2022
„Мекдоналдс“ вчера објави дека ќе ги затвори сите 850 ресторани во Русија како одговор на нападот на претседателот Владимир Путин врз Украина.