Остатоци од бродот на поларниот истражувач пронајдени во Антарктикот 107 години по потонувањето

Јужноафрикански поларен експедициски тим вчера стигна до остатоците на бродот „Ендуранс“ на англо-ирскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон кој потона во близина на брегот на Антарктикот во 1915 година, објави Агенција Анадолија (АА).

Менсун Баунд, водачот на експедицискиот тим на јужноафриканскиот поларен истражувачки брод „СА Агулас II“, во изјавата рече дека тој и неговиот тим стигнале до „Ендуранс“, кој пред 107 години наишол на мраз и останал заробен, принудувајќи ги сите 28 мажи на бродот да го напуштат бродот.

Откако се удрил во мразот, бродот потонал во Веделовото Море.

Шеклтон и неговиот тим успеале да ги преживеат суровите поларни услови и да се вратат во својата земја.

Баунд забележа дека бродот кој бил потонат на длабочина од околу 3.000 метри, бил совршено сочуван.

„Ова се убедливо најдобрите дрвени остатоци што сум ги видел досега“, рече тој.

извор: Агенција Анадолија (АА).