Србија ги укина КОВИД сертификатите, одлуката стапува на сила во сабота

0
253

На седницата на Кризниот штаб за борба против корона вирусот, во Владата на Србија беше донесена одлука за укинување на пропусницата за ковид.

Министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ рече дека препораката за носење маски во затворени простории останува.

– Најпрво би сакал да го споменам укинувањето на важноста на пропусниците за ковид, кое ќе стапи на сила од сабота. Имаме и задржување на препораката за носење маски во затворени простории. Кога станува збор за вкупниот број на собири во затворени простории, лимитот се укинува, практично од сабота сите кина и театри ќе можат да работат нормално – рече таа.

Таа додаде дека изолацијата на пациентите се уште е на сила бидејќи тоа е основна антиепидемиска мерка која опфаќа изолација најмалку седум дена.

– Врз основа на зачестеноста на боледувања и смртни случаи имаме постепено намалување. Она што укажува на поповолна состојба е вкупниот број прегледи на клиниките за Ковид, бројот на хоспитализирани. Болниците почнаа да се враќаат во нормален режим на работа, а во овој момент новата болница што ја изградивме за време на Ковид е обична болница – рече Кисиќ.