Масовни протести во Албанија против поскапувањата, граѓаните се обидуваат да блокираат автопати

Продолжуваат протестите против поскапувањеата во Албанија. Граѓаните се обидуваат да го блокираат автопатот Лушња-Фиер. Во меѓувреме, бројни полициски сили се на местото на настанот за да ги спречат граѓаните да го блокираат автопатот.

По повеќе од 30 минути патниот правец Лушње-Фиер е отворен. Ова беше втор протест откако вчера 7 граѓани беа гонети за кривично дело „Попречување на циркулација на возила“ Попладнево е најавен уште еден протест.

Протести најавени и во Драч. Преку социјалните мрежи за денеска е најавен масовен протест на главните оски и подрачја на градот.

Граѓаните ги поплавија улиците и го блокираа просторот познат како „Железничка станица“, кој во овој момент е многу посетен.

Полицијата од своја страна презеде мерки со распоредување полициски патроли на секој главен пат, кружен тек и влез-излез на автопатот Тирана-Драч. Бројот на полицајци е голем и тие ја презедоа контролата на патиштата. Има и голем број цивилни полицајци.

извор: NEWS 1