Промоцијата од 2,99 лева за шише масло доведе до огромни редици во многу продавници низ Бугарија. Седумдесет и четиригодишен маж почина во Бургас додека чекаше да му дојде редот во еден од големите хипермаркети во комплексот Славејков во Бургас. На местото на настанот пристигнала брза помош која констатирала смрт.
И покрај неговата смрт, луѓето продолжуваат да бараат и купуваат масло во продавницата.
Мештаните се револтирани што со часови чекаат да дојдат до масло во продавницата. Слична е ситуацијата и пред сите поголеми хипермаркети од истиот ланец во Бургас.