(ВИДЕО) Пленковиќ за паднатиот дрон: Дали било случајно или намерно, се уште не знаеме, ќе се обидат да го откопаат леталото

Премиерот Андреј Пленковиќ со членови од владата ќе го посети местото на падот на беспилотното летало каде се врши истрага. На местото на падот пристигнале и Роберт Храњ, Томо Медвед, Марио Банозиќ и други членови на владата.

Истрагата за падот на леталото е продолжена и утрово. Очевидот кој полицијата го спроведува заедно со воената полиција продолжува во тесната зона на местото на настанот, каде ќе се обидат да извадат дел од леталото кое останало закопано во земјата.

„Не знаеме чие е леталото. Летало над Хрватска седум минути и падна тука. Во несреќата имавме многу среќа што никој не настрада. Оштетени се 40-тина автомобили“, истакна Пленковиќ.

„Ова теоретски можеше да биде Будимпешта, Љубљана…Мораме да ја интензивираме соработката, на време да се извести земјата дека нешто се случува. Дали било случајно или намерно, се уште не знаеме. Ќе се обидат да го откопаат леталото. Ќе комуницираме со држави кои имаат важни информации“, додава Пленковиќ.

„Ова упатува на потребата од потесна соработка во НАТО. Ваквата ситуација не можеме да ја толеририраме, ниту таа би смеела да се повтори. Ова беше чиста и јасна закана и тука мораше да реагираат и НАТО и ЕУ. Ќе работиме на тоа да ја кренеме подготвеноста, не само кај нас, туку и кај другите“, додал тој.

„Среќа е што не се случи нешто полошо. Премиерот Орбан за ова дозна после мене. Напишав писмо и сакам одговори за вакво нешто да не се повтори“, продолжува Пленковиќ. „Ова можеше да падне на нуклеарна електрана во Унгарија. Очигледно е дека немало добри реакции од други земји. Сега имаме тест од кој мораме да научиме подобро да реагираме“, истакна премиерот  на денешната прес конференција.

„Им пишав на НАТО, мислам дека тие многу сериозно ме сфатија. Ова е инцидент кој не смееше да се случи. Со оглед на тоа дека немаше жртви, мислам дека реакцијата беше – “Добро е”. Ако имаше жртви, реакцијата веројатно ќе беше поинаква“, вели Пленковиќ.

Вели дека е работа на Унгарија да утврди како се случил инцидентот бидејќи на нивното подрачје леталото било многу подолго. „Тоа е нивен проблем, јас не можам да шпекулирам за тоа“, рекол тој.