Ковачевски: Грејната сезона во Скопје ќе започне на 15 октомври, Ќе се субвенциуонираат сите училишта и здравствени установи со поповолна цена за електрична енергија

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски вечерва одржа вонредна прес-конференција на која кажа какви заклучоци биле донесени на економско-енергетскиот совет на Владата.

„Грејната сезона за граѓаните на Град Скопје почнува на 15 октомври. Парно за Скопје ќе има, започната е постапка за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија согласно член 6 од законот за енергетика на ЕСМ“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој се осврна и на електирчната енергија.

„80% ја субвенционираме сметка за електрична енергија за 650 домаќинства, а над 70 илјади нови компании и други правни субјекти таканаречени мали потрошувачи со промет годишен до 2 милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од бразилската“, додаде Ковачевски.

Донесена е одлука и училиштата да бидат на отворен пазар.

„Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар добива и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини“.

Премиерот апелираше граѓаните да продолжат да штедат.

видео: Влада