Републиканската членка на Конгресот Џеки Валорски загина во сообраќајна несреќа на 3 август годинава. Таа помогна да се организира конференција за борба против гладта, каде Бајден сега се обидуваше да ја најде.
Американскиот претседател Џо Бајден е најстариот човек на таа позиција во американската историја, а критичарите не ја пропуштаат можноста да укажат на неговите бројни лапсуси кои ги припишуваат на неговата возраст.
Овој пат Бајден се најде на мета на критики откако се обиде да ја најде конгресменката Џеки Валорски во публиката на конференција за борба против гладта. Валорски беше еден од организаторите на конференцијата и веројатно ќе присуствуваше на неа доколку не загинеше во август годинава во сообраќајна несреќа.
-Џеки, дали си таму? Каде е Џеки? Мислев дека и таа ќе биде тука – рекол збунет Бајден од говорницата, пренесува Блумберг.
“Jackie, are you here? Where’s Jackie?"
Biden called out a recently deceased congresswoman in remarks at a hunger conference she helped organize, addressing Indiana Republican Jackie Walorski as if she were still alive https://t.co/HRRpEeLIlE pic.twitter.com/dVsw1HjLb6
— Bloomberg Originals (@bbgoriginals) September 28, 2022
Валорски загина во тешка сообраќајна несреќа во сојузната држава Индијана заедно со уште двајца членови на нејзиниот кабинет. По повод нејзината трагична смрт, Бајден објави изјава во која тој и првата дама Џил Бајден се „шокирани и тажни“ од нејзината смрт. Бајден тогаш изјави дека не секогаш се согласува со републиканката Валорски, но дека таа е многу ценета за нејзината работа и посветеност.
24sata.hr