Трета дојава за бомба на летот на Ер Србија за Москва

На летот Белград-Москва денеска повторно е пријавена експлозивна направа, трет пат во последните неколку дена.

Полициски екипи се на терен поради дојава за бомбата, потврдија за РТС во МВР.

Дојавата за наводната експлозивна направа во авионот на „Ер Србија“ на летот за главниот град на Русија пристигнала по е-меил од електронската адреса во Украина пред да полета авионот, односно додека сè уште бил на пистата, соопшти Еуроњус Србија.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа