Трета дојава за бомба во авион на релација Белград – Москва

0
383

На летот Белград-Москва на српската авиокомпанија Ер Србија, третпат во последните пет дена е примена дојава за бомба, објавија белградските медиуми.

Првата пријава била примена по електронска пошта во петокот минатата недела, а втората вчера, и двете се покажале лажни по безбедносната проверка, а белградскиот портал „Вечерње новости“ тврди дека денешната пријава пристигнала по електронска пошта од Украина.

Веста дека авион на „Ер Србија“ на летот за Москва слетал минатиот петок затоа што наводно била поставена бомба во авионот, ја поттикна Украина да ја обвини Србија за профитерство поради зголемениот број летови кон Русија за време на санкциите на Западот против земјата.