Руската инвазија врз Украина ќе влијае на целата глобална економија со забавување на растот и зголемување на инфлацијата и би можела суштински да го преобликува глобалниот економски поредок на подолг рок, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
„Надвор од човечкото страдање и историските бегалски текови, војната ги зголемува цените на храната и енергијата, ја поттикнува инфлацијата и ја еродира вредноста на приходите, додека ја нарушува трговијата, синџирите на снабдување и дознаките во соседните земји на Украина“, се вели во објавата на ММФ.
Тоа, според ММФ, исто така, ја нагризува деловната доверба и предизвикува несигурност кај инвеститорите што ќе ги намали цените на средствата, ќе ги заостри финансиските услови и може да предизвика одлив на капитал од пазарите во развој, се вели во извештајот.
„„Конфликтот е голем удар за глобалната економија што ќе му наштети на растот и ќе ги зголеми цените“, соопшти ММФ.
извор/фото: Радио Слободна Европа