Во ОХИС поставена голема метална конструкција со што ќе се избегне било какво разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископа од малата депонија

0
335

На ОХИС како жешка точка број еден во земјата гледаме како на историски проблем на чие што решавање посветуваме многу внимание и енергија, и тоа мора еднаш целосно да се реши, велат од министерството за животна средина.

„Сакам да ги информирам граѓаните дека е поставена голема метална конструкција со доста сложена организациона структура, со што ќе се избегне било какво разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископа од малата депонија, а со тоа ќе се заштити околината и населението кое гравитира во поширокиот реон околу депонијата. Веруваме, дека започнувањето со ископот, ќе тече според планираното и во најдобар ред, како што ветува и изведувачот Полиеко – изјави министерот Naser Nuredini кој заедно со претседателот на Владата Dimitar Kovacevski, евроамбасадорот Дејвид Гир и шефот на канцеларијата на UNOPS за Северна Македонија, Микела Телатин, ја посетија локацијата на малата депонија во Охис.


На почетокот на оперативната фаза, изведувачот ПОЛИЕКО ќе спроведе обуки на персоналот за ископување и ракување со отпад од HCH, процес на ископување, пакување, складирање и реставрација на локацијата“, велат од министерството за животна средина.