Не треба секој нов состав да го напаѓа претходниот, но мора да се направи јасна слика како треба да биде. До пред неколку месеци имавме една финансиска ситуација, сега ни се случува нова во која сите ќе треба да изнајдеме начин како сите да излеземе од оваа тешка нова финансиска ситуација од државата која се преслика и на работењето на локалната самоуправа и јавните претпријатија“, истакна претседателот на советот Сашо Донев.
Според него ќе одгвараат сите кои ја злоупотребиле службената положба и овластување, но за тоа си има институции. Донев додава дека видливо е дека ЈП од година во година тонат, но треба да се направи пресек бидејќи сега со минималната плата и новата цена на електричната енергија јавните претпријатија за кратко ќе бидат пред колапс.
„Не се во прашање милион или два милиони денари, во прашање се многу милиони денари кои директорите на ЈП заедно со локалната самоуправа не ќе можат да ги сервисираат.По однос на долговите „Нискоградба“ во 2013 год имаше 70 милиони денари долг, во 2017 се намалија за 40 милиони денари и од тогаш до денес кога ќе се пресметаат каматите повторно ние се бориме со истите пари, со истите доверители и истите камати. Ние цабе се препукуваме кој колку вратил, но сликата од ЈП е катастрофална и ќе треба сите советници во иднина да обезбедиме нивна финансиска ликвидност. Ако ме прашувате мене по однос на зголемувањето на минималната плата, кога некој носи таков закон треба да го стави прстот на чело, и да се запраша дали вработените на ЈП ќе имаат основен приход на месечно ниво.“, истакна Донев.
Според претседателот на советот она што му се случува на ова ЈП долг од милион евра за година и пол и сметка за струја од 2 милиони на 7 милиони денари месечно, ни дава за права да мислиме дека вкупниот долг ќе расти со над милион евра годишно во идниот период.
„Досега не видовме ниту еден пакет за ЈП и локалните самоуправи да излезат во пресрет бидејќи и тие се погодени од тешката финансиска состојба во државава, која ќе ја осетиме од септември месец натаму дополнително. Ние како локална самоуправа она што се зборувало изминативе 30 години во општината поврзано со ЈП „Водовод“ по однос на „Свињишките извори“ веќе се работи овој проект. Ова ќе значи дека 50 % од потребите за вода за пиење за граѓаните ќе се реши и нема да имаме трошоци за електрична енергија, бидејќи најголемиот расход на ЈП е поради трошокот за испумпување на водата во системот на вода за пиење. Апелирам кога тој проект ќе го завршиме, ние како локалната самоуправа ние ќе го направиме нашиот дел, а ја повикувам опозицијата од советот да се потрудиме заено да обезбедиме 5 милиони евра со што ќе го решиме децениски проблемот со вода за пиење. Бидејќи за неколку години, со покачување на електричната енергија, регулаторна ќе побара од нас да ја покачиме цената на водата за пиење, а граѓаните ќе плукаат по нас. Регулаторната комисија ја формира цената по основ на влупни приходи и расходи. Сега сметките за струја од 3 милиони се покачија на над 6 милиони. Сето тоа ќе доведе регулаторна комисија да ја покачи цената за водата за пиење” – рече Донев.