(ВИДЕО) Зеленски посети ранети украински војници во болница во Киев

0
533

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети болницата во Киев, каде го поддржа персоналот што се грижи за пациентите и ранетите украински војници.

„Во посета на нашите ранети борци. Момци закрепнете брзо. Верувам дека најдобриот подарок за вашата жртва ќе биде нашата победа“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подолијак изјави во неделата дека мисли дека ќе „постигне конкретни резултати“ во преговорите со Русите во следните неколку дена.