Бектеши: Од денеска нула отсто ДДВ за лебот, јајцата, млекото, брашното, оризот, шеќерот и маслото – побарајте фискална сметка

Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил потсетува дека од денеска данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во сите маркети, е нул апроценти.

Како што наведува Бектеши, ДДВ е нула отсто за лебот, брашното тип – 400, млекото (со масленост 2, 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

Aпелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите, наведува Бектеши.