Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денари за килограм и сега ќе изнесува 54,521 денари за килограм.
Од 18.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,521 (денари/килограм)