Париз е дом на некои од најпопуларните светски атракции, а сега главниот град на Франција ќе ја добие и првата градска жичарница. Имено, предложени се планови за нова жичарница долга 4,5 километри, која ќе ги поврзува различните предградија на југоистокот со парискиот метро систем, а изградбата ќе започне веќе оваа година. Проектот се очекува да биде завршен во 2025 година, а Cable 1 Project ќе го поврзува париското предградие Villeneuve-Saint Georges со Pointe du Lac станицата во Creteil во регонот Ile-de-France. Возењето ќе трае само 17 минути, што е повеќе од двојно пократко од патувањето со автобус. Cable 1 ќе чини 132 милиони евра, и дневно ќе превезува околу 11.000 луѓе, а времето на чекање на гондолата ќе изнесува само 30 секунди. Секоја гондола ќе може да прими до 10 патници.
Француските градови Брест и Гренобл, веќе имаат слични системи на жичарници, но Cable 1 ќе биде прв ваков проект во Париз.
извор/фото: порта3