Како што пишуваат американските медиуми, актерот веќе некое време се бори со деменција. Неговата состојба наводно толку многу се влошила, што сега ги прифаќа сите деловни понуди за да може да заработи што е можно повеќе, додека сè уште може да работи.
Гласините започнале откако 66-годишниот актер почнал да прифаќа улоги во нискобуџетни филмови. Во емисијата на YouTube Half in the Bag решиле да се осврнат на оваа тема. “Брус Вилис снима десетина филмови годишно, а никогаш не сте слушнале за ниту еден од нив. Ќе се справиме со овој чуден феномен и ќе се обидеме да откриеме што се случува”, напишале во описот на шоуто.
Потоа коментирал Мет Ескандри, режисерот одговорен за неколку филмови на Вилис, меѓу кои и Hard Kill, Survive the Night и Trauma Center.
„Некаде прочитав дека Брус Вилис има деменција, дека не е ни свесен што се случува околу него“, напишал еден корисник, на што Ескандри одговорил: „Да, точно е, јас режирав четири филма со него, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како пропаѓа пред твоите очи. Го видов додека работев со него во последните неколку години“.
„Тој има деменција“, потврдил тој.
Американскиот таблоид ОК! напишал во 2021 година дека Брус има деменција и дека одлучил да поминува што е можно повеќе време со своето семејство. Тој наводно имал голема поддршка и од поранешната сопруга Деми Мур. „Семејството секогаш се обидувало да му ја даде на Брус потребната поддршка“, изјавил тогаш извор за таблоидот. „Тажно е што луѓето го исмејуваат“, додаде тој.
извор/фото: агенции