(ФОТО) Лила во посета на сестра си во Шведска

По тешката 2022 година Лила со синот замина во Гетеборг на посета кај својата сестра, а на Инстаграм Стори сподели низа семејни мигови, како и дворот од зградата каде живее нејзината сестра. „Кога после години ќе се вратиш во градот каде што си се родил…“, гласи дел од објавата на Лила.

Лила Филиповска по тешката година, како што самата знае да каже, е фокусирана на убави работи и дружби со позитивни луѓе, па така почетокот од 2023-та го искористи за да го посети својот роден град Гетеборг во Шведска.

Во овој град живее нејзината сестра со сопругот, а Лила уживаше во семејните мигови со нив и со своите внуки.

Таа отпатува таму со синот Филип.

На својот Инстаграм профил сподели:

„Кога после години ќе се вратиш во градот каде што си се родил… Kога го препознаваш секое ќоше, а истовремено ти изгледа како првпат да го гледаш, кога доаѓаш како турист, а всушност си дома.

Здраво Гетеборг!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

crnobelo.mk