Сега е и официјално, Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите фудбалери во светот во изминатите две децении, на 8 јуни во Стокхолм, на пријателскиот меч со Србија ќе се прости од фудбалот. Ова денеска го објави ФС на Шведска, секако дека на тој меч Швеѓаните ќе покажат колку им значи Ибрахимовиќ.
Инаку Златан уште минатата година замина во фудбалска пензија, негов последен клуб му беше Милан, а има играно и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Манчестер Јунајте….
Во својата долга и богата кариера Ибрахимовиќ освои бројни трофеи а без него репрезантацијата на Шведска едноставно не можеше да се замисли.