Американскиот глумец Џон Траволта (68) ѝ посвети емотивна објава на Инстаграм, на својата покојна сопруга Кели Престон, која почина 2020 година од рак на дојка. Да беше жива, овој 13 октомври Кели ќе го прославеше својот 59. роденден.
– Среќен роденден на мојата омилена партнерка за танц! Те сакаме и ни недостасуваш, Кели, напиша Траволта покрај нивна заедничка фотографија.
Во коментарите под објавата, бројни пријатели, познати личности и обожаватели се јавија да му изразат поддршка и сочувство на глумецот.
Траволта и Престон се запознале 1987 година на снимањето на филмот „Експерти“, а се венчаа четири години подоцна. Заедно имаат два сина и ќерка, а нивниот најстар син Џет почина во 2009., на 16-годишна возраст.
mia