(ФОТО) Запознајте ја македонската Карлеуша!

Битолската фолкерка Марија Луиса Тодоровска станува се попозната и попопуларна иако нема речиси ниту една своја песна , ниту еден хит отпеано по кој ќе биде запаметена. Но затоа јавноста ја памети по многу други нешта, кои речиси секојдневно ја држат во фокусот на внимението.

Стана нашироко позната пред неколку години по домашното или хотелското видео налик на она од јахтата на Северина, а многумина ја паметат и по нејзините слободни фотографии и секси фотосесии, како онаа перед една – две години за Нова Година.

Од неодамна, откако дојде од Битола да живее и пее во македонската престолнина, Марија Луиса станува се повеќе забележана и запаметена и по своите настапи по скопските ноќни клубови, локали и кафеани…

Провокативно облечена, со уште попровокативно однесување на настапите, особено кога ќе почне да танцува, па ќе „замеша“ со заоблениот задник и заниша со колковите, битолската секс бомба долго останува во мислите и сеќавањата на кафенската клиентела и публиката, која таа вечер дошла на забавата за да ужива, меѓудругото и во настапот на пејачката, која станува се’ попопуларна, иако своја песна нема!

Марија Луиса деновиве сподели на своите Инстаграм приказни нешто од сопствената архива, видео во кое е облечена налик на белградска поп-фолк дива.

 

 

vistina.mk