Лишен од слобода криминалец баран со потерница, осуден на петгодишна казна затвор

0
166

На 11.11.2022 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.( 33) од Куманово.Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и 236 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

извор: МВР