Во центарот на францускиот град Лил се урнаа две згради

0
145

Две мали соседни згради утрово се урнаа на трговската улица во центарот на Лил во северна Франција.
Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.

Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.

Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.

Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена.

фото: TWITTER