Обезбедени фотографии и видео снимки како Борисов прима поткуп од најголемиот бугарски олигарх

0
401

Фотографии и видео снимки се обезбедени за Бојко Борисов за тоа како поранешниот бугарски премиер прима поткуп од Васил Божков-Черепот, инаку познат како најголемиот бугарски олигарх и воедно крал на бугарското подземје ставен на црната-листа на САД од јуни 2021, објави faktor.mk.

Бугарските медиуми објавуваат дека тоа се водечки докази против поранешниот премиер.

Божков тврди дека дал поткуп од 10 отсто од добивката на националната лотарија секој месец. Тој вели дека бил уценет од Борисов и неговите соработници Влади Горанов и Менда Стојанова.

Черепот во моментов е приведен во полиција и се товари за 19 престапи.

извор: faktor.mk.