Одземена лиценцата на „Раша Тудеј” за емитување во Британија

Руската државна телевизија „ Раша Тудеј ” нема повеќе да може да емитува програма во Велика Британија откако регулаторното тело „ Офком ” по итна постапка и ја одзеде лиценцата, јавија британските медиуми.
Од Офком соопштија дека одземената дозвола за емитување на програма на „Раша тудеј“ е со моментно дејство.