Денеска во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик. Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
АРМ добива 78 милиони долари од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите
Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот…
Пендаровски и Ковачевски се сретнаа со Шолц во Њујорк
Тема на разговорите на претседателот Стево Пендаровски и канцеларот Олаф Шолц биле билатералната соработка, европската перспектива на Северна Македонија и…
Силен ветар со брзина од 150км/час ја зафати Пелагонија, поплави во Велес
Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево е регистрирано во Пелагонија, Велес, Градско и Росоман, информираат од Центар за управување…