31-годишна жена во семејниот дом била физички нападната од сопругот и неговата мајка

Млада гостиварка вчера во полиција пријавила дека била тепана од својот сопруг и неговата мајка, по што полицијата веднаш дошла во нивниот дом

Во информацијата на СВР Тетово се вели дека вчера околу 15 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 54-годишната М.Е. и 34-годишниот Е.Е.од Гостивар.

Претходно 31-годишната жена телефонски се јавила во полицијата дека во семејниот дом била физички нападната од сопругот и неговата мајка.

Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.