Министерството за труд и социјална политика од денеска започнува со интезивна работа на новиот закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество. Од Министерството очекуваат нацрт-верзијата да биде готова пред започнувањето на годишните одмори, а веднаш по нивното завршување да се отвори широка јавна дебата.
-Во подготовката на новиот закон за работни односи, ќе учествуваат сите чинители во општеството, претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на трудот, експерти од областа на трудот. Низ отворен дијалог со социјалните партнери, ќе се работи на законско решение кое истовремено ќе обезбеди поголема заштита и унапредување на работничките права, а од кое решение треба да бидат задоволни и работниците и работодавачите, информираат од МТСП.