Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам одржа седница со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски и на којашто се разгледаа претстојните активности за подготовка на новите четиригодишни предлог – национални стратегии на Република Северна Македонија, едната за спречување на насилен екстремизам и другата за борба против тероризам, со акциски планови за нивна имплементација.
Учесниците на седницата на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам се согласија дека покрај членовите и замениците членови во Националниот комитет, во изготвувањето на овие национални стратешки документи треба да се вклучат и невладините организации, академската заедница и други општествено релевантни чинители, со цел преку зеднички и координиран пристап да се креираат поквалитетни документи за нивна идна успешна имплементација.
На седницата присуствуваа и заменик националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, Џељадин Ајвази и заменик националниот координатор за борба против тероризам, Златко Арсов.