Самсоненко сведочеше дека плацот на Водно: Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, платив 110 милиони денари

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко денеска во Кривичниот суд се појави како сведок на одбраната на Орце Камчев за предметот „Плацевите на Водно”. Самсоненко сведочеше дека плацот на Водно, кој според обвинението е во сопственост на екс-премиерот Никола Груевски, е всушност негов и дека не му е јасно зошто не може да го користи, односно таму да си изгради куќа, објави Република. 

„Лајф кеар центар” е моја фирма, која е купена на име на жената, по моја наредба, значи на мојата фамилија е. Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, отприлика, купен во 2019 година. Барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија. Не можев да најдам бидејќи барав над 5.000 квадрати. Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував и го одбрав. Договорот беше да го исплатам за три години и го исплатив и пред време. Платив 110 милиони денари, рече Самсоненко, кој додаде дека со тие пари безгрижно би живеел 10 до 15 години.

Тој рече не му е јасно зошто има блокада на неговиот плац.

Текстот во целост на: Република.