Пожар избил во стара куќа на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во населбата Маџир Маало, во близина на новата Железничката станица.
Пожарникарите веднаш излегоа на терен и пожарот е ставен под контрола.
Засега нема информации дали има повредени или жртви.
Според жителите, празна била куќата односно никој не живеел
Инаку, од скопската Територијална противпожарна единица информираа дека во моментов има три активни пожари.
Вториот пожар е во штала во Кондово, во чие гаснење учествуваат две противпожарни возила со седум пожарникари, а третиот е на обиколницата по „Еуроактива“ кон Блаце, каде се интервенира со две возила и седум пожарникари.