Во престрелката во Сплит едно лице е тешко повредено, а по тој повод во службените простории на полицијата се врши разговор со лица кои биле со него во станот за да се утврдат сите факти и околности за настанот, јавува 24сата.хр.
Пукањето се случило утрово околу 2.30 часот од огнено оружје.
Повредениот е префрлен во болница каде поради тежината на повредите е задржан.
Полицијата соопшти дека неговиот живот е во опасност.
извор/фото: агенции