Приведен крадецот кој ограби магацин на градинка, украдените производи вратени во градинката

На 23.03.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи.

М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.