(ВИДЕО) “Ја излези Ѓурѓо” ечи во Палермо

0
394

Македонски песни ечат низ улицитена Палермо. Македонските навивачи се вистинска атракција, пред фудбалскиот натпревар. Македонскиот национален тим за прв пат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен. Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка.

Натпреварот ќе се игра во Палермо вечер со почеток во 20 часот и 45 минути.