Вечерва во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово кај клучката Матка се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила, велат од МВР за Курир.
Според првичните информации на МВР, повредени се две лица и истите се пренесени на Комплексот клиники Мајка Тереза.
Екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата.
Според извори на Курир, двете амбулатни возила кои ги пренесувале повредените кон Клинички биле со полициска придружба.
извор и фото: Курир.