Македонија го победи европскиот шампион – ќе игра во финале за пласман на СП во Катар

Со голот на Александар Трајковски во 92 минута Македонија ја победи Италија со 0:1.

Првата вистинска шанса Италија ја имаше во 29. минута кога Димитриевски му подари една топка на Берарди, кој биеше од одлична позиција, но македонскиот голман си ја порави грешката и го одбрани удрот на Италијанецот.

Македонската репрезентација единствената шанса во првото полувреме ја имаше во самиот финиш, Трајковски биеше од 25 метри, Донарума го одбрани неговиот удар.

Во финалето Македонија ќе игра против Португалија во Лисабон. Тие денеска ја совладаа Турција со 3-1.