Денеска во Косово ден на жалост за Медлин Олбрајт

0
274

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи денешниот ден (25 март) за ден на жалост по повод смртта на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.

Од кабинетот на Османи вчера наведоа дека на ваков начин косовскиот народ ќе ѝ оддаде почит на „големата пријателка на Косово“, која ја имаше една од клучните улоги при донесувањето на одлуката на НАТО воено да интервенира против Србија во 1999 година.

 

360 степени