216 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 216 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.