Регистриран земјотрес утрово во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 26.03.2022 година регистрираше земјотрес 120 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Валандово.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 44 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Валандово и околината.

тв21