Стоилковски: Како во иста година Дарко Каевски со директорска плата купил стан и изградил луксузна куќа во Скопје?

0
260

Денеска од омилено место на младиот милионер, пратеник и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, ќе му поставувам директни прашања истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Дали пратеникот и портпарол од СДСМ Дарко Каевски во 2020 година купил стан во Скопје?

Дали истата година изградил луксузна хациенда на местото на стара куќа во скопско Волково?

Дали има документи за градба на луксузната вила во Волково?

Дали хациендата во Волково е изградена на местото коешто во Анкетниот лист е пријавено како градежно НЕИЗГРАДЕНО земјиште во Волково?

И последното прашање, како со директорска плата од Агенцијата за Млади и Спорт, тукушто избран пратеник, на 30 години, успева во една година да се стекне со стан во Скопје и да изгради луксузна вила во Волково?

СДСМ 5 години се на власт, 5 години во коишто народот осиромаши, цените се дуплирани, државата тоне, а функционери од СДСМ го намножија контото.

Секој еден ден поминат со СДСМ на власт е поскап од предвремени избори!