ВМРО ДПМНЕ: Владата и МВР да ја покажат препораката од ГРЕКО дека може да унапредуваат по 3 места без критериуми, доколку ја имаат, ако не да го повлечат Законот

0
274

Владата и МВР да ја покажат препораката од ГРЕКО дека може да унапредуваат по 3 места без критериуми, доколку ја имаат, ако не да го повлечат Законот. Ниту во една земја на ЕУ министерот за внатрешни работи нема законско овластување да унапредува по сопствена волја без критериуми и по 3 места, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Спасовски и Ковачевски спротивно на сите норми и практики ја приватизираат полицијата.

Во носењето на Законот за внатрешни работи е исклучена инклузивноста, и опозицијата не беше дел од процесот.

Дополнително владата не ги вклучи ниту ЕУ, ниту ОБСЕ.

Спасовски и Ковачевски носат Закон за внатрешни работи спротивен на сите европски практики.