Украинскиот Лвив мета на руски ракетни напади

По неколкукратни ракетни напади избувна пожар во складиштето за нафта во Лвив. Тие го одблежеа најзначајниот напад врз тој западноукраински град од почетокот на инвазијата на Русија пред повеќе од еден месец.

Локалните власти соопштија дека со четири проектили е погодена периферијата на Лвив, а дека при друг напад е оштетена инфраструктурата, при што биле повредени најмалку пет лица. Лвив засега е градот кој стана засолниште за стотици илјади раселени Украинци на околу 60 километри од полската граница.

Радио Слобона Европа