(ВИДЕО) Бебе во Шпанија се роди во недопрена амнионска кеса, ова се случува еднаш на 80.000 раѓања

Девојче од Шпанија родено со се уште недопрена плодова вода, што е случај што се случува еднаш на 80.000 раѓања. Овој редок настан се случи во болница во градот Винарос, во провинцијата Кастелон, во источниот шпански регион Валенсија.

https://twitter.com/AnaTeijelo/status/1506710092833607681?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506710092833607681%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmk.tv21.tv%2Fneverojaten-nastan-vo-shpanija-bebe-se-rodi-vo-nedoprena-amnionska-kesa-video%2F

Гинекологот Ана Теијело, која беше задолжена за лекарскиот тим кој го направи царскиот рез, на Твитер сподели видео од породувањето кое се случило во средата на 23 март.

„Денес имавме таен царски рез (второ близначе) во болницата Винарос и ентузијазмот на учесниците може да се види овде“, напиша таа во описот на фотографиите.

Скриено породување, познато и како породување „сирена“ или „en caul“, е кога бебето излегува од недопрена амнионска кеса, која обично пука кога мајката ќе започне породување.