Абрамович и украинските мировни преговарачи наводно биле отруени во Киев

0
247

Санкционираниот руски милијардер Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи имале симптоми на труење по состанокот во Киев кој се одража на почетокот на овој месец, објави денеска „Волстрит Журнал“ повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата.

Абрамович, кој го прифати барањето на Украина да помогне во преговорите за ставање крај на руската инвазија врз Украина и најмалку двајца високи членови на украинскиот тим, имале симптоми, се вели во извештајот на „Волстрит Журнал“.

Симптомите кои ги имале биле црвени очи и постојано и болно кинење и лупење на кожата на лицето и рацете, се додава во извештајот.

 

Радио Слободна Европа